Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Song of Solomon 1

:
Macedonian - 1990
1 Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.
2 Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.
3 Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од вино. Навистина те сакаат!
4 Ќерки ерусалимски, црна сум но сепак сум убава како шаторите кидарски, како Соломоновите завеси.
5 Не гладајте ме оти сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ѝ се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата но своето сопствено лозје не го зачував.
6 Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?
7 Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
8 Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.
9 Прекрасни се твоите образи под обетките, вратот твој со ѓерданите;
10 Ќе ти направам златни обетки со сребрени топчиња.
11 Додека царот беше крај трпезата, народот мој го испушташе својот пријатен мирис.
12 Смирнова китка е мојот возљубен: стои меѓу градите мои.
13 Мојот возљубен ми е како кипарисов грозд во Енгедските лозја.
14 О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови.
15 О, убав си, мил мој, прекрасен си! И постелата наша се зеленее.
16 Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши кипариси.